Лондон

Трамп му понудил на Асанж да го помилува ако каже дека Русија не учествувала во хакирањето

Доналд Трамп му понудил помилување на Џулијан Асанж доколку рече дека Русија не е вклучена во протекувањето на мејловите на Демократската партија, му било кажано на судот во Лондон, пренесува Гардијан.

Шокантната понуда им била претставена на судиите во Вестминстер пред почнувањето на правната битка на Асанж за спречување на обидите за негова екстрадиција во САД следната недела.

Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд КК, се осврнал на докази во кои се тврди дека поранешниот американски републикански конгресмен Дејна Рорабахер отишол да го види Асанж, сега 48-годишен, додека тој сè уште беше во еквадорската амбасада, во август 2017 година.

Една изјава од адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, покажува дека „г. Рорабахер ќе оди да го види господинот Асанж за да му каже дека, по инструкции од претседателот, му нуди помилување или некој друг излез, ако Асанж... рече дека Русија немала никаква врска со протекувањето во Демократската партија“, изјави Фицџералд пред судот во Вестминстер.

Серија мејлови компромитирачки за претседателската кампања на демократите и за Хилари Клинтон беа хакирани и објавени од Викиликс во 2016 година.

Окружната судијка Ванеса Барејтсер, кој го сослушува случајот во Вестминстер, рече дека доказите се прифатливи.

Америка го бара Асанж за 18 обвиненија, меѓу кои и заговор за извршување компјутерски упад, поради објавување американски телеграми пред една деценија.

Тој може да се соочи со затворска казна до 175 години доколку биде прогласен за виновен. Обвинет е за соработка со поранешната аналитичарка на американската воена разузнавачка Челси Менинг за да се објават стотици илјади доверливи документи.

Расправата за екстрадицијата треба да почне во кралскиот суд во Вулвич в понеделник, со една недела правни расправии. Потоа ќе биде одложена и ќе продолжи со тринеделно изложување докази, кое треба да почне на 18 мај.

Страната-губитник, без оглед на исходот, се очекува да поднесе жалба на одлуката, која се очекува неколку месеци подоцна.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе