Трамп му пиша на Тачи, бара да се договори со Србија околу Косово

Американскиот претседател Доналд Трамп му испрати писмо на косовскиот претседател Хашим Тачи повикувајќи го да направи сѐ за да се постигне траен договор со Србија, дваесет години по завршувањето на нивната војна, објави Тачи на Твитер.

Србија и нејзината поранешна покраина, која еднострано прогласи независност во 2008, се обврзаа во 2013 година дека под покровителство на ЕУ ќе ги решат отворените прашања, но не остварија позначаен напредок.

„Ако не се искористи овој единствен момент, би бил трагичен чекор наназад бидејќи нова прилика за сеопфатен мир нема толку скоро да се појави“, кажа Трамп, според писмото што го објави кабинетот на косовскиот претседател.

„САД многу вложија во успехот на Косово како независна, суверена држава“, истакна американскиот претседател.

Тензиите меѓу Србија и Косово повторно се разгореа минатата недела кога косовскиот парламент одобри формирање војска со 5.000 припадници, само една недела откако српската премиерка Ана Брнабиќ предупреди дека тоа може да доведе до воена интервенција на Белград.

Тачи во во јуни кажа дека договор со Белград ќе бара преку „корекција на границите“, а политичарите и аналитичарите на Косово тоа го сфатија како размена на територии, што го вклучи алармот и кај балканските соседи и кај некои западни влади кои го гледаат како начин Косово да ги земе трите јужни српски општини населени главно со Албанци.

Кога би дошло до размена на територии, Србија за возврат би го добила северниот дел на Косово мнозински населен со Срби кои не ја признаваат власта во Приштина.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе