Тужба против претседателот

Трамп му дал мистериозно ветување на некој странски лидер, разузнавачката заедница вознемирена

Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на седница зад затворени врати со генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Еткинсон, поради тужбата што ја поднесе свиркачот од редовите на разузнавачката заедница, е вознемирен поради ветување што претседателот Доналд Трамп наводно му го дал на извесен странски лидер.

Информацијата за тајната тужба прв ја објави Вашингтон пост, кој Трамп веднаш потоа го нарече „лажни вести“.

Пост вели дека статијата е заснована на информации од двајца поранешни функционери запознаени со целиот настан, но не е јасно со кој лидер Трамп комуницирал или што можеби ветил. 

Во центарот на приказната е загриженоста на еден член на разузнавачката заедница, кој поднел пријава до генералниот инспектор.

Деталите на пријавата се доверливи и не ѝ се познати на јавноста.

Меѓутоа, телевизијата Еј-би-си њуз дошла до писма разменети меѓу Конгресот и канцеларијата на Националната разузнавачка служба, кои потврдуваат дека генералниот инспектор оценил дека пријавата од свиркачот е „итно прашање“ за кое можеби треба да биде известен Конгресот.

Но вршителот на должноста директор на националните служби Џозеф Мегваер не мислел така, па по консултацијата со Секретаријатот за правда, заклучил дека неговата агенција нема обврска да го проследи случајот до Конгресот.

Претседателот на комитетот за разузнавање на Домот, демократот Адам Шиф, смета дека директорот го прекршил законот со тоа што не ја проследил пријавата во рок од седум дена.

Според Вашингтон пост, претседателот Трамп е во центарот на сè.

„Во повикот до еден странски лидер тој дал ветување, за кое разузнавачите сметаат дека е толку вознемирувачко што ја поднеле оваа тужба“, вели Грег Милер, дописник за национална безбедност на Вашингтон пост и двократен добитник на Пулицеровата награда.

Трамп на Твитер ја употреби познатата фраза „лажни вести“ за да го отфрли извештајот.

„Дали некој е толку глупав за да верува дека јас би рекол нешто несоодветно во разговор со странски лидер“, праша тој и додаде дека секогаш би го правел само она што е добро за САД.

Тој, исто така, истакна дека е свесен дека секојпат кога разговара со странски лидер, луѓе од различни американски агенции, како и од други земји, може да го слушаат тој разговор.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе