Трамп: Можен е нов нуклеарен договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е можен нов договор со Иран за нуклеарната програма, додавајќи дека економските санкции влијаеле врз намалување на иранските активности. Вашингтон смета дека Техеран стои зад низата неодамнешни напади на Блискиот Исток.

„Навистина верувам дека Иран сака да постигнеме договор и мислам дека тоа е многу паметно од нивна страна и дека е можност која ќе се оствари“, порача американскиот лидер во Токио за време на конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Има шанса да стане одлична држава под истиот државен врв. Не сакаме промена на режимот – сакам да бидам јасен околу тоа. Ние сакаме да нема нуклеарно оружје“, кажа Трамп.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон пораснаа по нападот врз нафтените танкери во Персискиот Залив месецов. Вашингтон, сојузникот на Саудиска Арабија, иранскиот ривал во регионот, за нападите го обвини Иран, што Техеран го отфрли.

САД во регионот испратија носач на авиони, бомбардери и дополнителни 1.500 војници, поради што се зголемија стравувањата од директен судир.

Изјавата на Трамп доаѓа откако неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон во саботата кажа дека САД имаат „длабоки и сериозни“ информации за иранските закани, не откривајќи детали.

Американскиот претседател кој е во четиридневна посета на Јапонија, ја поздрави помошта од Абе во решавањето на кризата со Иран откако јапонски медиуми објавија дека јапонскиот премиер планира да го посети Техеран на почетокот на јуни.

Јапонија со децении беше голем купувач на иранска нафта пред американските санкции, за кои Трамп тврди дека дејствуваат.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе