Трамп мора да плати 2 милиони долари заради злоупотреба на добротворна фондација

Суд во Њујорк му нареди на американскиот претседател да плати два милиони долари по тужба дека злоупотребил добротворна фондација за политички и деловни интереси.

Судијката Селијан Скарпула исто така ги потпиша договорите постигнати минатиот месец меѓу адвокатите на Трамп и канцеларијата на јавниот обвинител на Њујорк за затворање на Фондацијата Трамп и поделба на 1,7 милиони долари од преостанатите средства со други непрофитни групи, пренесе Политико.

Во договорите Трамп признава дека лично ги злоупотребил фондовите на Фондацијата Трамп и се согласува да врати 11,525 долари во средствата на организацијата што ги потрошил за спортски сувенири и шампањ на добротворна гала. Тој, исто така, се согласува на ограничувања за негова вклученост во други добротворни организации.

Јавниот правобранител на Њујорк, Летиција Џејмс исходот на случајот го оцени како „голема победа во нашите напори да ги заштитиме добротворните средства и да ги доведеме до одговарност оние што би злоупотребувале добротворни организации за лична корист“.

„Никој не е над законот - ниту бизнисмен, ниту кандидат за функција, па дури ни претседателот на Соединетите Американски Држави“, рече Џејмс, демократка.

Обвинителството во Њујорк минатата година поднесе тужба во која тврди дека Трамп и членови на неговото семејство нелегално ја користеле фондацијата како средство за неговите други компании и кампањи за претседателските избори во 2016 година.

Обвинителството побара од Трамп да плати обесштетување од 2,8 милиони долари, но судијката Скарпула ја намали сумата на 2 милиони долари.

Адвокатите на Фондацијата Трамп претходно ја критикуваа тужбата како политички мотивирана.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе