Трамп „мисли дека знае“ кој стои зад нападите на 11 септември

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека знае кој е одговорен за нападите на 11 септември, но не именуваше никого.

Во разговорот со Џорџ Стефанопулос од Ај-би-си во Ружината градина на Белата куќа викендов, претседателот од темата за инвазијата на Ирак во 2003 година направи дигресија на неславните терористички напади во Њујорк и Вашингтон во 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

„Инаку, Ирак не го срушија Светскиот трговски центар“, рече претседателот, и додаде: „Тоа не беше Ирак. Тоа беа други луѓе. И мислам дека знам кои беа другите луѓе“.

„А можеби и вие исто така знаете“, додаде тој, гледајќи во Стефанопулос, пренесе Раша тудеј.

Не е најјасно за кого зборуваше Трамп, но Осама бин Ладен, роден во Саудиска Арабија и неговата терористичка мрежа Ал Каеда, нашироко се сметаат за виновници зад нападите - иако Бин Ладен во неколку наврати пред неговата смрт во 2011 година негираше каква било вмешаност.

Администрацијата на Буш наведе дека нападите на 11 септември се причина за инвазијата на Ирак во март 2003 година, тврдејќи дека земјата има оружје за масовно уништување кое може да им го даде на терористите.

Претседателот Трамп продолжи да ја критикува американската инволвираност на Блискиот Исток, која ја оцени како „најлошата одлука донесена во историјата на нашата земја“, која ги чинеше Американците трилиони долари.

На 11 септември 2001 година, киднаперите командуваа со комерцијални авиони и ги забија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон. Четвртиот авион, кој беше наменет за Белата куќа или за Капитол, се урна во поле во Пенсилванија.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе