На Твитер

Трамп: Мирно спијте, Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати од Сингапур, каде за првпат се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Веднаш по слетувањето, Трамп на Твитер објави дека таа земја повеќе не е нуклеарна закана.

„Тукушто слетав – по долгиот пат, но сега сите можат да се чувствуваат многу посигурно отколку на денот кога ја преземав функцијата (на претседател). Повеќе нема нуклеарна закана од Северна Кореја. Средбата со Ким Џонг Ун беше интересно и многу позитивно искуство. Северна Кореја има голем потенцијал за иднината“, напиша Трамп на Твитер.

„Пред да ја преземам функцијата, луѓето претпоставуваа дека ќе има војна со Северна Кореја. Претседателот Обама кажа дека Северна Кореја е нашиот најголем и најопасен проблем. Не повеќе – мирно спијте вечерва!“, им порача Трамп на Американците.

Сепак, не е јасно врз што Трамп ги темели своите оптимизам и самоувереност, имајќи предвид дека декларацијата што ја потпиша со Ким е исклучително плитка и неодредена. Во неа, имено, пишува дека „во согласност со декларацијата од Панмунџом која е потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува дека ќе работи кон целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

Меѓутоа, режимот на Ким притоа не се обврза на какви било временски рокови ниту конкретизираше како точно ќе изгледа денуклеаризацијата.

Не се знае ни како точно ќе изгледа меѓународната контрола и верификација на тој процес, односно како САД и меѓународната заедница ќе обезбедат тој навистина да биде спроведен во целост.

Трамп славенички ја прогласи заканата, поради која минатата година му се закануваше на Ким со „оган и гнев какви што светот не видел“, за завршена, а на своите граѓани им порача мирно да спијат. Во меѓувреме, Ким сѐ уште го има истиот арсенал што го имаше вчера или минатата година.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе