Трамп: „Мигрантите ќе навалат на границата каде нема ѕид. Нема да ги пуштиме“

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку Твитер порача дека Аризона ја „очекува голем прилив на мигранти", долж делот на границата каде нема заштитна ограда, и го повтори повикот до демократите да го поддржат неговиот предлог за финансирање на изградбата на ѕид на границата.

„Аризона, заедно со нашата воена и погранична патрола, се подготвува за масовен прилив во делот каде нема ѕид. Нема да ги пуштиме да поминат“, напиша Трамп во постот на Твитер продолжувајќи го притисок на пратениците, во обид да го одобрат долгорочното финансирање на владините агенции до крајот на септември следната година. Трамп за своите тврдења за „масовен прилив“ на мигранти не понуди никакви докази, напиша Ројтерс.

Претставници на Белата куќа, Министерството за домашна безбедност и Пентагон засега не одговориле на барањето за коментар, наведе Ројтерс. Не е јасно дали Трамп имал на ум некоја одредена група мигранти.

Американската царинска и гранична заштита во средата објави дека пограничните агенти во Аризона привеле две групи од Хондурас и Гватемала и дека границата нелегално ја поминале вкупно 124 лица.

Американскиот конгрес во четвртокот како привремено решение го одобри финансирањето за период од две недели, но пратениците сѐ уште треба да ја одобрат мерката за долгорочно финансирање на владините агенции до крајот на фискалната година во септември.

Трамп од Конгресот бараше пет милијарди долари за границата, и се закануваше со прекин на работата на владата ако пратениците не се сложат.

Демократите тврдат дека ѕидот нема да биде ефикасен во запирање на илегалната имиграција и шверцот на дрога преку границата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе