Трамп: Луѓето се уморни од слушање на Фаучи и сите тие идиоти

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во понеделникот го нападна главниот службеник за јавно здравство на САД, Ентони Фаучи, за управувањето со кризата предизвикана од пандемијата ковид-19, нарекувајќи го „катастрофа".

Фото: ЕПА

Трамп го кажал тоа во телефонски разговор со персоналот од својата кампања, а кој бил проследен до Си-ен-ен и други американски медиуми.

„Луѓето се уморни од слушање на Фаучи и сите тие идиоти“, рече Трамп во понеделникот, тврдат извештаите.

Нападот врз Фаучи е особено значаен затоа што и самиот Трамп согледува до кој степен јавноста има доверба и почит кон водечкиот американски експерт за заразни болести.

Кампањата на Трамп дури и го користела Фаучи во своите предизборни спотови, на што Фаучи остро се спротивставил бидејќи е строго непартиска личност.

Долгиот спор околу носењето маски е неговиот последен конфликт со Белата куќа и Трамп.

Во интервју за телевизијата Си-би-ес емитуван во неделата вечер, Фаучи остро ја критикува администрацијата на Трамп, велејќи дека Трамп изгледа погрешно го поистоветува носењето маски со „слабост“.

Фаучи рече дека воопшто не е изненаден што Трамп се зарази со ковид-19 затоа што не ги следи упатствата за социјално дистанцирање и не користи маска.

Тој исто така рече дека Белата куќа го спречила да се појавува во медиумите онолку колку што би сакал за да ја информира јавноста за пандемијата.

Директорката за стратешки комуникации во Белата куќа Алиса Фарах за Фокс њуз изјави дека Белата куќа не ги ограничува појавувањата на Фаучи во медиумите и дека никој не би требало да биде обвинет затоа што се заразил со коронавирус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе