Трамп коронавирусот го вика „кинески вирус“, Пекинг одговори (ВИДЕО)

Кина денес го обвини претседателот на САД Доналд Трамп дека „бега од своите одговорности“.

Ова обвинување доаѓа по неговата вчерашна изјава дека светот плаќа „тешка цена“ поради кинеската бавност да јави за новиот коронавирус.

Пандемијата на вирусот ковид-19, која почна од централниот кинески град Вухан во декември, досега зарази над 250.000 луѓе во над 170 земји и територии.

„Тоа ќе поминеше многу подобро да го знаевме сето тоа неколку месеци порано. Тоа беше ограничено во областа на Кина од каде што сѐ почна. Светот плаќа тешка цена за тоа што (Кинезите) го направија“, кажа Трамп на прес-конференција и по вторпат го нарече коронавирусот „кинески вирус“.

„Некои лица во САД се обидуваат да ја оцрнат работата на Кина против епидемијата и да избегаат од својата одговорност префрлајќи ја на Кина“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

„Таквото однесување ги занемарува огромните жртви што Кина ги поднесе за да обезбеди санитарна безбедност“, кажа тој на редовна конференција за новинарите.

Шуанг кажа дека кинеските власти од 3 јануари почнале да ги информираат САД за ситуацијата со епидемијата и дека од тогаш одржувале редовна комуникација. Тој истакна на противречноста на Трамп наведувајќи дека американскиот претседател повеќе пати ја поздрави Кина за транспарентноста на нејзините информации.

Трамп неколку пати го употреби изразот „кинески вирус“ за новиот коронавирус, а многумина сметаат дека намерно го користи тој израз за врз Кина да ја префрли одговорноста за здравствената криза во САД, каде досега од коронавирусот се заразени речиси 10.000 луѓе, од кои 150 умреа.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе