US наспроти us

Трамп: Кога побарав од Украина да ни направи услуга, мислев на САД, а не на нас

Додека демократите од Претставничкиот дом ги засилуваат истрагите за импичмент, претседателот Трамп на Твитер во средата вечер се обиде да го разјасни контекстот на неговиот неславен телефонски разговор на 25 јули со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.

Трамп во објаснувањето игра со двојното значење на зборот „US“, кое истовремено значи и кратенка за САД (United States) и заменката „на нас“.

„Кога во мојот телефонски разговор со украинскиот претседател реков дека 'би сакал да ни направи услуга „US“... Со зборот 'US' зборувам за Соединетите Држави, нашата земја.“

Транскриптот од разговорот на Трамп со Зеленски покажува дека украинскиот претседател изразил интерес да купи уште американски проектили „Јавелин“ за војната на Украина против Русија, на што Трамп рекол: „Но јас би сакал да ни направиш услуга“.

Трамп потоа побарал од Зеленски да ја разгледа наводната вмешаност на Украина во изборите во 2016 година и да работи со неговиот личен адвокат Руди Џулијани и главниот обвинител Бил Бар за да ги истражат поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој бил во управниот одбор на украинската енергетска компанија Буризма.

Терминот „us“ и што подразбирал Трамп под него е централна точка во истрагата за импичмент.

Иако Трамп во средата инсистираше дека мислел на Соединетите Држави, демократите во Домот велат нивниот нацрт-извештај објавен во вторникот покажува дека тој ја злоупотребил моќта на својата функција за да изврши притисок врз Украина да го испита неговиот потенцијален ривал во 2020 година, во корист на неговата кампања за реизбор.

Демократите заклучија „дека тој ја попречил работата  на Конгресот со тоа што им наредувал на сведоците да не одат на рочиштата во истрагата за импичмент“.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе