Ги отфрли тврдењата на поранешниот советник за национална безбедност

Трамп: Книгата на Болтон е чиста фикција

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли денес тврдењата од книгата на својот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, која излегува следната недела, наведувајќи дека е чиста фикција.

EPA-EFE

„Книгата на Џон Болтон е комплицаија на лаги и измислени приказни, сѐ со цел да бидам прикажан во лошо светло“, напиша на Твитер американскиот претседател.

„Многуте смешни изјави кои ми ги припишува, никогаш не постоеле, чиста фикција. Тој само се обидува да се одмазди за тоа што го отпуштив, колку е тој болен!“, додаде Трамп.

Претседателот на Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом, Адам Шиф, оцени дека Болтоновите обвинувања се „многу сериозни“.

Ако е точно тоа што го тврди поранешниот советник, тогаш тоа е „уште еден доказ дека притисокот кој Доналд Трамп го вршел врз Украина и за кој беше обвинет, е дел од постојаната тенденција на злоупотреба на позицијата и пренасочување на овластувањата на американската влада за лична и политика корист кај странските влади“, се додава во соопштението на Шиф кој е од редовите на демократите.

Болтон во интервју за Еј-би-си, чии делови беа денес објавени, кажа дека Трамп „не е подобен за функцијата“ претседател.

„Мислам дека тој не е подобен за таа функција. Не мислам дека има вештини за вршење на таа работа“, кажа Болтон во интервјуто кое целосно ќе биде емитувано викендов.

Книгата на Болтон „Собата каде што сѐ се случи: Мемоари од Белата куќа“ треба да биде објавена на 23 јуни, но во јавноста веќе се појавија делови од книгата. САД го тужат Болтон откако Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работната верзија на книгата содржи делови со доверливи информации за националната безбедност.

Објавувањето на книгата, како што се наведува во тужбата, би нанело „непоправлива штета“ на националната безбедност на САД.

Трамп во септември 2019 година го отпушти Болтон по 17 месеци поминати на местото советник за национална безбедност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе