Трамп ќе се жали до врховниот суд на пресудата за објавувањето на своите даночни пријави

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да побара од американскиот врховен суд да ја смени судската одлука според која неговата сметководствена фирма Маразр ЛЛП мора на њујоршките обвинители да им ги предаде неговите даночни пријави за последните осум години.

Трамповите адвокати и окружниот јавен обвинител Сајрус Венс објавија вчера дека американскиот претседател планира до 14 ноември да побара од врховниот суд да ја разгледа пресудата која во понеделникот ја донесе апелацискиот суд на Менхетн, според кој Маразр е должна да ги објави даночните пријави на Трамп.

Венс ќе се спротивстави на тоа барање, а двете страни планираат да ги изнесат своите позиции до 25 ноември.

Инаку Венс, кој е демократ, побара објавување на даночните пријави како дел од криминалистичката истрага на Трамп и неговиот семеен бизнис со недвижности. Трамп се противи на тоа повикувајќи се на имунитет за криминалистичките истраги додека е на должноста во Белата куќа.

Врховниот суд не е должен да ја сослуша Трамповата жалба. Ако реши тоа да го направи, би можел да донесе одлука во својот актуелен состав кој завршува во јуни.

Пет од новите 9 врховни судии се конзервативци, кои ги поставија републикански претседатели, вклучувајќи ги двајцата кои ги постави Трамп – Нил Горсуч и Брет Кавано.

Трамп, кој преку својата њујоршка компанија поседува голем број недвижности, е соочен и со истрага за можно отповикување во Претставничкиот дом на Конгресот кој го контролираат демократите.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе