Трамп ќе прогласи вонредна состојба поради изградбата на ѕидот

Домовите на американскиот конгрес гласаа за закон со кој се овозможува продолжување на работата на сојузната влада. Законот го регулира финансирањето на работата на владата и со тоа се спречува нова блокада на владата.

Но, се појави нова конфронтација - овој пат во врска со планот на претседателот Доналд Трамп да ги заобиколи пратениците и да прогласи национална вонредна состојба за да извади милијарди од други федерални каси за неговиот ѕид на мексиканската граница.

Парите во законот за гранични бариери, околу 1,4 милијарди долари, се далеку под 5,7 милијарди долари за кои Трамп инсистираше дека му се потребни и ќе финансираат само една четвртина од ѕидот.
 
Белата куќа рече дека ќе го потпише законот, но ќе дејствува унилатерално за да добие повеќе, со што предизвика осуда од демократите и закани за тужби од државите и други кои би можеле да изгубат федерални пари велејќи дека Трамп го злоупотребува својот авторитет.
 
Законот во Сенатот помина со 83 гласа за и 16 гласа против, а по гласањето во Сенатот, се одржаа и гласање во Претставничкиот дом на Конгресот каде законот, исто така, помина со мнозинство од 300 наспроти 128 пратеници.

Сенатот е дел од Конгресот и претставува негов горен дом, а негов дел е и Претставничкиот дом кој го претставува долниот дом.

После тоа, законот треба да го потпише претседателот Трамп, кој покрај потпишувањето на законот ќе прогласи и вонредна состојба во САД.

Сенаторот Мич Меконел, прво рече дека очекува претседателот Трамп да го потпише законот, но и дека ќе прогласи вонредна состојба, со цел да изгради ѕид на границата со Мексико.

Кратко по сенаторот Меконел, оваа информација е потврдена и од портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Таа рече дека претседателот ќе го потпише договорот со кој ќе се овозможи барем делумно продолжување на работата на сојузната влада, но додаде и дека ќе преземе други мерки, вклучително и прогласување на вонредна состојба, со цел „да се осигура националната безбедност и да се запре хуманитарна криза на границата“.

„Претседателот Трамп ќе го потпише законот за финансирање на владата, и како што наведе претходно, тој ќе преземе и други извршни дејствија – вклучувајќи ја и националната вонредна состојба“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Таа додаде дека Трамп така го исполнува ветувањето кое го даде дека ќе го изгради ѕидот на границата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе