Трамп ќе оди на планината Рашмор и покрај бројните критики

Претседателот на САД, Доналд Трамп во петок ја започнува прославата на 4 јули заминувајќи на планината Рашмор и покрај стравувањата од масовни собири за време на пандемијата на коронавирусот и критиките од староседелците.

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Трамп со илјадници луѓе ќе го гледа огнометот во Јужна Дакота кај планината Рашмор, на која се врежани главите на американските претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Во областа немало огномет од 2009 година, поради грижата за околината. Трамп се залага да се врати огнометот, а сојузната држава тврди дека околната национална шума Блек Хилс од тогаш е „зајакната“, а технологијата за огнометот напреднала.

Тоа ќе биде масовен собир на кој ќе присуствува републиканскиот претседател пркосејќи им на препораките на здравствените експерти кои повикуваат на избегнување поголеми собири заради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во земјата.

Се очекува на настанот да присуствуваат околу 7.500 луѓе. Маски ќе можат да се набават, но не е задолжително да се носат.

Републиканската гувернерка на Јужна Дакота, Кристи Номи за Фокс њуз претходно оваа недела изјави дека оние што се плашат можат да останат дома и дека „нема да има социјално дистанцирање“.

Во 2016 година, Трамп убедливо победи во таа сојузна држава.

Тој е критикуван поради одржување големи настани без физичка дистанца во Оклахома и Аризона во последните неколку недели. Тој предвидува огномет „каков што малкумина виделе“.

Староседелците, кои исто така планираат да протестираат, ја критикуваат посетата на Трамп поради ризикот од ширење на заразата и прославување на американската независност во област што им е света.

Демократскиот национален комитет (ДНЦ) објави на Твитер дека Трамп покажал непочитување кон Индијанците и дека со овој настан „се величи белата надмоќ“.

Тие подоцна го избришале твитот, а причините за тој потег не се наведени.

И Вашингтон и Џеферсон, се ценети за нивната улога во основањето на нацијата, а биле сопственици на робови.

„Наместо да ги исполни најосновните должности на Денот на независноста, Доналд Трамп продолжува да го потценува вирусот, повикува на помалку тестирања, се спротивставува на препораките за социјална дистанца и им покажува на Американците зошто не можеме да си дозволиме уште четири години со него во Белата куќа“, објави ДНЦ во четвртокот воочи неговото патување.

Трамп организира прослава за Денот на независноста и во сабота во Вашингтон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе