Трамп ќе ја номинира Ејми Кони Барет за судијка на Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја номинира Ејми Кони Барет за судијка на Врховниот суд, на испразнетото место по смртта на Рут Бадер Гинсбург, објави во петокот Си-ен-ен, повикувајќи се на републикански извори. Трамп најави дека во сабота ќе го објави својот избор за наследничка на Гинсбург, либералната икона која почина на 18 септември на 87-годишна возраст.

Screenshot

Си-ен-ен и Њујорк Тајмс во петокот објавија дека Трамп се одлучил за католичката Барет, повикувајќи се на извори кои исто така рекоа дека може и да се предомисли.

48-годишната Барет е конзервативна судијка на Сојузниот апелационен суд во Чикаго, а на таа позиција беше назначена од Трамп во 2017 година. Судиите на Врховниот суд се именуваат на оваа функција доживотно. Белата куќа одби да даде коментар.

Доколку биде потврдена, кандидатката на Трамп на конзервативците ќе им даде мнозинство од 6 спрема 3 во време на големи политички поделби во Соединетите Држави.

Берет уште од самиот почеток се смета за фаворит за таа должност, заедно со Барбара Лагоа, исто така судијка на сојузниот апелационен суд.

Кандидатката на Трамп се чини дека има отворен пат кон Врховниот суд бидејќи републиканците имаат мнозинство во Сенатот, кој мора да ја потврди, 53 спрема 47, а само две сенаторки од нивните редови посочија дека ќе се спротивстават на таа постапка пред изборите на 3 ноември.

Демократите се противат на именувањето и сметаат дека Трамп треба да почека до изборите на 3 ноември на кои треба да се соочи со демократскиот кандидат Џо Бајден, а доколку тој победи ќе треба да се почека и да ја преземе функцијата во јануари 2021 година, а дури потоа да се пополни испразнетото место на судија.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе