Инаугурацијата на Бајден за нов претседател на Соединетите Држави треба да се одржи на 20 јануари следната година, според Ројтерс.
Зборувајќи пред новинарите на Денот на благодарноста, Трамп исто така рече дека неодамнешните избори во САД се измама, но не понуди конкретни докази за нерегуларности во гласањето.
Тој исто така одби да каже дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден.