Трамп ќе го објави својот мировен план за Блискиот исток следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го објави својот долгоочекуван блискоисточен мировен план пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон следната недела.

Трамп ја даде изјавата за новинарите во претседателскиот авион на пат кон Мајами, додавајќи дека е извесно дека првично „Палестинците негативно ќе реагираат на неговиот план, но дека и тие во голема мерка ќе имаат корист од него“.

„Тоа е одличен план и план што ќе функционира“, рече Трамп, кој во вторник во Белата куќа ќе го прими Нетанјаху, но и неговиот политички противник Бени Ганц, откако двајцата се согласија на посета при пристигнувањето на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Ерусалим.

Израелските медиуми јавуваат дека мировниот план ќе биде многу поволен за Израел, кој ќе ја задржи контролата над поголемиот дел од окупираниот Западен Брег.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе