Трамп: Ќе ги испратиме нелегалните емигранти во „градови прибежишта“

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша вчера на Твитер дека неговиот предлог емигрантите да се испраќаат во таканаречени градови прибежишта почнува да се применува.

Трамп на социјалната мрежа објави дека „нелегалните емигранти кои повеќе по закон не можат да бидат во притвор, според министерството за внатрешна безбедност, ќе им се предадат на градови и држави прибежишта“, пренесува Асошиејтед прес.

Тој наведе и дека „Конгресот ќе кира да ги поправи законите и „дупките“ во законите“.

Нејасно е, меѓутоа, дали министерството за внатрешна безбедност презема какви било чекори да го спроведе спорниот план.

Адвокати претходно ѝ порачаа на Белата куќа дека идејата е неизводлива и дека претставува злоупотреба на средствата во ситуација кога управата за емиграции и царини на САД има проблем со финансиите.

Белата куќа и министерството за внатрешна безбедност не одговорија веднаш на барањата на агенциите за коментар.

Демократите во Конгресот ги побараа од претставниците на Белата куќа и агенциските службеници интерните документи за предлогот на администрацијата затворените емигранти да се испраќаат во „градови прибежишта“.

Претседавачи на три одбори на Претставничкиот дом испратија писмо до Белата куќа и министерството за национална безбедност барајќи увид во размената на електронската пошта и други документи за таа идеја, вклучувајќи ја и нејзината правна оправданост и потенцијалните импликации. Во писмото се наведува дека е „шокантно“ што таква акција се разгледува „од чисто политички причини“.

Белата куќа претходно, следејќи го претседателот Трамп, соопшти дека испраќањето на емигрантите без документи во „градови прибежишта“ низ САД, кои ги штитат од депортација, останува можност.

Стотици градови низ САД се прогласија за „прибежишта“ за емигрантите кои нелегално ја минале јужната граница на САД со Мексико, одбивајќи на тој начин да им помогнат на емиграциските функционери да ги лоцираат емигрантите, за да можат да бидат депортирани.

„Градовите прибежишта“ во кои властите ја ограничуваат соработката со сојузните власти кои ги бараат нелегалните емигранти во САД најмногу ги има во областите каде демократите имаат мнозинство.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе