Трамп: Кина се јави и „сакаат да склопат договор“

Претседателот го пофали „многу позитивниот развој“ во трговската војна.

Претседателот Трамп ја почна новата седмица со позитивни зборови за Кина и нејзиниот лидер Си Џинпинг, откако минатата недела заврши со горчина и бранувања на пазарот.

Трамп им рече на новинарите на самитот на Г-7 дека кинеските власти „се јавиле“ и дека „сакаат да постигнат договор“, пренесува Волстрит џурнал. „Тоа е одлична работа“. Трамп додаде дека „ние ќе почнеме да разговараме многу сериозно“. Тој, исто така, го нарече Си „голем водач“, иако во петокот го нарече „непријател“, забележува Њујорк тајмс. 

„Голема почит кон фактот дека претседателот Си и неговите претставници сакаат 'мирно решавање'“, објави тој на Твитер. „Многу сум импресиониран што се спремни да излезат и да ги изнесат фактите толку точно. Ова е причината зошто тој е голем водач и претставува голема земја. Разговорите продолжуваат!“

Во меѓувреме, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи изјави дека нема поим за никаков повик до САД. „Она што можам да ви го кажам е дека трговските спорови меѓу Кина и САД треба да се решат преку дијалог“, рече тој, додавајќи дека новите царини од Вашингтон биле „сериозно прекршување на консензусот на лидерите“.

Новите коментари на Трамп доаѓаат по викенд во кој тој прво рече дека „се премислува“ за трговската војна со Кина. Меѓутоа, Белата куќа брзо се надоврза велејќи дека претседателот се кае само за тоа што не ги зголемил царините уште повеќе.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе