„Сите војници се разболеле“

Трамп кажа дека пандемијата на шпанскиот грип во 1918 ја прекинала Втората светска војна (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиот грип веројатно довела до крајот на Втората светска војна – иако пандемијата почнала повеќе од две децении претходно.

EPA-EFE

„Пандемијата во 1917 убила меѓу 50 и 100 милиони луѓе. Веројатно ја завршила Втората светска војна, сите војници се разболеле“, кажа Трамп на брифинг во Белата куќа.

Пандемијата на шпанскиот грип почнала во 1918, а во истата година во Њујорк умрел неговиот дедо Фредерик Трамп.

Шпанскиот грип нема никаква врска со Втората светска војна. Нејзиното траење во 1918 и 1919 година се поклопива со крајот на Првата светска војна.

Шпанскиот грип прво бил откриен меѓу воениот персонал во пролетта 1918, а потоа се раширил на 500 милиони луѓе низ светот.

Втората светска војна почнала дури 20 години подоцна, во 1939 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе