Трамп кажа дека не знае дали ќе прифати губење на изборите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го бранеше својот начин на управување со кризата предизвикана од коронавирусот и кажа дека ќе види дали ќе ги прифати резултатите ако во ноември ја изгуби трката за Белата куќа.

EPA-EFE

Во големото, претходно снимено интервју кое го даде за Фокс њуз, Трамп ја намали важноста на неодамнешниот пораст на бројот на заразените, повторувајќи го своето тврдење дека тоа е резултат на засиленото тестирање.

На тврдењето дека исто така се зголемила стапката на позитивните случаи, Трамп кажа дека „многу од тие случаи се млади луѓе кои ќе се излечат за еден ден и дека имаат настинка“.

Трамп кажа дека Ентони Фаучи, водечкиот експерт за заразни болести во земјата кој предупреди дека сојузните држави пребрзо се отвораат, „бил малку паничар“.

Претседателот на САД кажа дека Фаучи „згрешил“ околу размерот на кризата, вклучувајќи го и тоа дека на почетокот не препорачал носење маски, но негираше дека Белата куќа води кампања против лекарот.

Соединетите Американски Држави имаат 3.730.000 заразени и над 140.000 мртви, и по двата параметри се на врвот на светската скала.

Околу прашањето на претседателската трка Трамп инсистира дека „не губи“ од демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, нарекувајќи ги „лажни“ анкетите кои наведуваат дека заостанува зад поранешниот американски потпретседател и ривал.

Според последната анкета, за Бајден би гласале 49 отсто од граѓаните, а за Трамп околу 41 отсто.

„Пред сѐ, јас не губам затоа што анкетите немаат врска“, кажа Трамп.

На прашањето дали ќе ги прифати резултатите на изборите ако Бајден победи, Трамп одговори: „Би морал да видам, нема да кажам само да“.

Трамп кажа дека Бајден е „неспособен да изговори две реченици во низа“, праша дали смета дека Бајден е сенилен.

Истакна и дека Бајден „воопшто не излегува од своите подземни одаи“.

77-годишниот Бајден поголемиот дел од времето го минува во својата подземна резиденција во американската сојузна држава Делавер, од каде работи на медиумската кампања пред претседателските избори закажани за 3 ноември.

Трамп го повтори своето тврдење дека „со гласањето по пошта ќе се манипулира со изборите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе