Трамп кажа дека добил „прекрасно“ писмо од Ким со објаснување за лансирањата на ракетите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил „прекрасно писмо“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кој му ги претставил неодамнешните лансирања на проектили како одмазда за заедничките воени вежби кои ги изведуваа САД и Јужна Кореја.

„Бил незадоволен од воените вежби“, извести американскиот претседател и објасни дека пораката што ја добил во четвртокот „е навистина прекрасна од почеток до крај“.

„Знаете дека ни јас никогаш не сум ги сакал“, кажа тој за вежбите и повторно инсистираше на разбирање со првиот човек на Северна Кореја, и покрај застојот во преговорите за нуклеарното разоружување на таа земја.

Трамп кажа и дека мисли дека ќе се одржи четврти самит со Ким Џонг Ун, без да даде дополнителни детали.

Вашингтон и Сеул во понеделникот ги почнаа заедничките годишни воени вежби и покрај предупредувањата од Пјонгјанг дека тие вежби ќе ги поткопаат преговорите со Соединетите Држави за нуклеарната програма.

Северна Кореја оцени дека тоа ја покажува недоволната политичка волја на двете земји да ги подобрат односите.

Северна Кореја во последната недела четири пати лансираше проектили со краток дострел, кои веќе беа претставени како предупредувања против американско-јужнкорејските воени вежби. Трамп повеќе пати оцени дека станува збор за вообичаени лансирања на проектили кои не го прекршуваат договореното.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе