Трамп: „Јас сум избраниот“ што ќе ја среди трговската нерамнотежа на САД со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој е „избраниот“ што ќе го совлада Пекинг и дека неговиот живот ќе бил полесен ако не почнел трговска војна со Кина.

Коментарот дојде за време на една од типичните „хеликоптер“ прес-конференции на Трамп пред Белата куќа во средата. Одговарајќи на прашања на низа теми, претседателот се осврна на царинската војна со Кина што ја почна во март 2018 година.

Истакнувајќи дека неговиот живот ќе бил „многу полесен“ ако правел како другите претседатели и ја оставел Кина економски да ги искористува САД, Трамп рече дека треба да направи нешто со тоа.

„Ова не е моја трговска војна. Ова е трговска војна што требаше да се случи пред многу време“, рече тој.

„Некој мораше да го стори тоа. Јас сум избраниот.“

„Затоа ѝ тргнав на Кина. И знаете што? Ние победуваме“, додаде Трамп, тврдејќи дека Кина губи работни места и ја има најлошата година последниов половина век „поради мене“.

Трамп зборуваше околу 35 минути пред да се качи во хеликоптер и да замине од Вашингтон во Кентаки, каде што е предвидено да зборува на американската конвенција за ветерани.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе