Трамп ја предупреди Кина: Кога ќе победам на изборите, условите за договор ќе бидат построги

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди денес Кина да не чека до истекот на неговиот прв мандат за да финализира било каков трговски договор, затоа што доколку победи на претседателските избори во ноември 2020 година, условите за нов договор ќе бидат далеку полоши или ќе нема договор.

„Проблемот со тоа што чекаат... е дека, ако и кога ќе победам, договорот што ќе го добијат ќе биде многу построг од она за што во моментов преговараме... или воопшто нема да има договор“, напиша Трамп на Твитер, со почетокот на новите трговски преговори меѓу Кина и САД во Шангај.

Трамп рече дека се чини како Кина да се повлекува од ветувањето дека ќе купи американски земјоделски производи, за што американските власти велат дека би било знак на добра волја и дел од самиот конечен договор.

„Кина требаше до сега да почне да ги купува нашите земјоделски производи, но нема индикации за тоа. Тоа е проблемот со Кина, не го завршуваат она што треба“, напиша Трамп во низата објави на Твитер.

Американските и кинеските власти повторно ги започнаа преговорите прекинати во мај за да се заврши долгогодишната трговска војна обележана со наметнување меѓусебни царини, но допрва треба да ги разрешат длабоките разлики, поради што очекувањата за овонеделниот состанок се многу мали.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе