Трамп ја повика Шпанија да „изгради ѕид“ низ Сахара, за да ги запре мигрантите

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го шокираше шпанскиот министер за надворешни работи, Џозеп Бореј со предлогот Шпанија да ја реши кризата со мигранти градејќи ѕид низ Сахара.

„Едноставно изградите ѕид низ Сахара“, предложил Трамп за време на ручекот во Мадрид во вторник, пренесе Вашингтон пост повикувајќи се на Ел Паис и Европа прес.

Шпанскиот министер за надворешни работи Џозеп Бореј тврди дека тој и другите дипломати се обиделе да му објаснат на Трамп дека Сахара се простира на околу 5.000 километри граница, но американскиот претседател одмавнал со раката, велејќи: „Па, не може да биде поголема од нашата граница со Мексико“.

Трамп, кој на власт дојде во 2016 година, вети изградба на „голем, прекрасен ѕид“ преку американско-мексиканската границата, која е долга нешто повеќе од 3.000 километри.

Ѕид низ Сахара, веројатно, би вклучувал изградба преку неколку суверени нации. Пустината се шири над делови од 11 земји: Алжир, Чад, Египет, Еритреја, Либија, Мали, Мавританија, Мароко, Нигер, Судан и Тунис. Повеќето проценки за Сахара велат дека се простира на околу 4800 километри од исток до запад, додека американско-мексиканската граница е 3145 километри.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе