Трамп ја откажа средбата со данската премиерка затоа што не сака да го продаде Гренланд

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека ја откажа средбата со данската премиерка, бидејќи таа не е заинтересирана за неговата понуда за купување на Гренланд.

„Данска е многу посебна држава со неверојатни луѓе, но поради изјавата на премиерката Мете Фредериксен дека не е заинтересирана да разговара за продажба на Гренланд, ќе ја одложам нашата средба закажана за две недели“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Американскиот претседател за време на викендот за медиумите потврди дека неговата влада е заинтересирана за купување на ретко населениот, најголем остров на светот.

Гренланд во голема мера е независен, но Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика. И Данска и Гренланд веднаш го отфрлија предлогот на Трамп.

„Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански, Гренланд му припаѓа на Гренланд. Се надевам дека тоа не го мислеше сериозно“, рече данската премиерка Мете Фредериксен за понудата.

Американскиот претседател потоа на Твитер објави фотомонтажа од свој хотел на островот, коментирајќи: „Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд“, а во средата на Твитер ѝ се заблагодари на данската премиерка бидејќи со својата отвореност им заштеди многу време и на САД и на Данска.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе