Претседателот на САД

Трамп ја нарече „лажна вест“ статијата на Њујорк тајмс дека загубил милијарди долари

„Атентат со мошне неточни лажни вести“, реагираше претседателот на САД, Доналд Трамп, на истражувачката статија на Њујорк тајмс во која се тврди дека помеѓу 1985 и 1994 година тој загубил околу 1,2 милијарда долари.

„Овие многу стари и неточни информации се само уште еден напад со лажни вести“, напиша Трамп на Твитер еден ден по објавувањето на статијата, заснована на даночни документи.

Претседателот одговори дека градежните компании во текот на 1980-тите и 1990-тите ја намалувале вредноста на својот имот за да покажат загуби и да избегнат плаќање даноци. „Речиси сите што се занимаваа со недвижен имот го правеа тоа, тоа беше вообичаена практика“, додаде тој.

Трамп рече дека најголем дел од загубите биле компензации и заклучи дека целта на „овие многу стари информации“ објавени од Тајмс е „атентат со мошне неточни лажни вести“.

Според истражувањето на Њујорк тајмс, финансиската состојба на овој магнат со недвижности и на неговите компании во тоа време била катастрофална.

Весникот вели дека Трамп изгубил толку многу пари што не платил данок на доход во осум од десетте години опфатени со статијата, иако не е јасно дали американската Даночна служба по ревизиите побарала од него да изврши промени.

Тајмс не добил копии од даночните пријави на Трамп од 1985 до 1994 година, туку добил копии од даночните записници на Трамп од тие години, кои ги содржат бројките од неговите федерални даночни формулари.

Двете најлоши години за Трамп во десетгодишниот период што го испитувал Тајмс биле 1990 и 1991 година. Весникот истакна дека хотелот и казино „Трамп Таџ Махал“ се отворени во 1990 година и дека казиното не произвело доволно приходи за да го покрие својот висок долг.

За време на претседателските избори во 2016 година Тајмс добил имејл од анонимен испраќач со копија од пријавите за вратен данок на Трамп од 1995 година, кои покажуваат загуби од над 900 милиони долари.

Статијата во Њујорк тајмс беше објавена откако Министерството за финансии одби да му ги достави на Конгресот даночните пријави на американскиот претседател, кој си ги одмерува силите со демократското мнозинство во Претставничкиот дом.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе