Трамп ја напушти Белата куќа за последен пат како претседател (ВИДЕО)

Во кратките коментари до новинарите, тој ја опиша функцијата како „најголема чест во животот“.

Фото: ЕПА

Доналд Трамп денеска ја напушти Белата куќа за последен пат како претседател, чекорејќи по Јужниот тревник и заминувајќи со Претседателскиот хеликоптер.

Во кратките коментари до новинарите собрани пред Белата куќа, Трамп рече дека да се биде претседател е „голема чест“ и ја опиша функцијата како „најголемаат чест во животот“. Не одговори на прашањата.

Неколку минути пред заминувањето на Трамп, можеше да се забележат мала група вработени во Белата куќа како носат кутии до претседателскиот хеликоптер.

Трамп од Белата куќа отиде во воената база Ендрјус, каде што ќе учествува на церемонијалното испраќање со учество на сегашни и поранешни претставници на администрацијата.

Трамп одби да им се придружи на лидерите на Конгресот на црковната служба со новоизбраниот претседател Џо Бајден на Денот на инаугурацијата. Тој нема да присуствува ни на положувањето заклетва Бајден, но таму ќе биде потпретседателот Мајк Пенс.

Само уште тројца поранешни претседатели одбија да присуствуваат на инаугурацијата на својот наследник на Белата куќа: Џон Адамс во 1801 година, Џон Квинси Адамс во 1829 година и Ендру Џонсон во 1869 година.

Поранешниот претседател Ричард Никсон - кој поднесе оставка во 1974 година под закана за импичмент - не беше присутен кога претседателот Џералд Форд положи заклетва во Белата куќа.

Всушност, денешното заминување на Трамп од Белата куќа имаше неверојатна сличност со Никсоновото пред повеќе од четири децении.

Во тоа време, Форд го придружуваше Никсон до Претседателскиот хеликоптер - слично „паркиран“ на Јужниот тревник - каде што злогласниот претседател во заминување ги крена рацете во двоен поздрав „V“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе