Трамп ја намали квотата на бегалци на најниско ниво во историјата

Само 18.000 бегалци ќе бидат прифатени во следните 12 месеци.

Бројот на бегалците на кои ќе им биде дозволено да се преселат во Соединетите Држави во наредните 12 месеци ќе биде еквивалент на 0,006% од населението, според новите регулативи објавени од Стејт департментот.

Администрацијата соопшти дека ќе прими 18.000 бегалци во следната фискална година, што е најмал број од почетокот на програмата во 1980 година.

Горната граница минатата година беше 30.000, а во последната година на администрацијата на Обама беше 110.000.

Претседателот Трамп во четвртокот издаде и извршна наредба во која се вели дека федералната влада ќе бара одобрение од државните и локалните власти пред да ги насели бегалците, и за „да ја открие најдобрата околина за бегалците“, и за „да бидат почитувани оние заедници што можеби нема да можат да сместат бегалци“.

Администрацијата вели дека многу од тие 18.000 места се веќе распределени: 4.000 ќе добијат Ирачани што работеле со американската војска, а 5.000 ќе добијат луѓе што се прогонувани поради нивната религија, пренесува Њујорк тајмс. Администрацијата соопшти дека бидејќи околу 350.000 луѓе што бараат азил се очекува да пристигнат во САД во текот на следните 12 месеци, „ние ѝ даваме приоритет на безбедноста на американскиот народ со тоа што нема да прифаќаме повеќе луѓе отколку што можеме да провериме“.

Хуманитарните групи остро го критикуваа овој потег. „Со еден последен удар, администрацијата на Трамп го изгаси факелот на Статуата на слободата и ја прекина традицијата на сочувство и добредојде од нашата нација“, рече Џон Л. Меккуло, претседател на агенцијата за раселување Црковна светска служба.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе