Соопштение од Белата куќа

Трамп изрази сочувство до Макрон и му понуди помош по пожарот во катедралата Нотр Дам

Американскиот претседател Доналд Трамп по телефон му изрази сочувство на францускиот претседател Емануел Макрон поради пожарот кој ја зафати катедралата Нотр Дам и понуди помош во нејзината реконструкција, соопшти Белата куќа.

„Нотр Дам ќе продолжи да биде симбол на Франција, симбол на религиската и демократската слобода“, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс во изјавата.

„Со благодарни срца се сеќаваме на ѕвоната на катедралата Нотр Дам на 12 септември 2001 година во свечената поддршка на САД по трагичните напади на 11 септември на американско тло. Тие ѕвона повторно ќе ѕвонат“.

Макрон вети дека ќе ја обнови катедралата која се смета за една од најубавите примери на европската готска архитектура, а годишно ја посетуваат повеќе од 13 милиони луѓе од целиот свет.

Во рок од 24 часа од пожарот, француските компании и локални власти ветија повеќе од 700 милиони евра за реконструкција на катедралата, вклучувајќи и 500 милиони од три милијардерски фамилии во чија сопственост се француските компании на луксузни производи – Керинг, ЛВМХ и Лореал.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе