Трамп испраќа 1.500 американски војници на Блискиот Исток со „претежно заштитна“ цел

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри да се испратат 1.500 војници на Блискиот Исток, со цел да се спречи она што Вашингтон го нарекува постојана закана за американските интереси од страна на Иран.

„Тоа ќе бидат околу 1.500 луѓе“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа заминувајќи на патување во Јапонија. „Сакаме да имаме заштита“.

Распоредувањето ќе се случи во наредните недели, според примерокот од соопштението што го добил Асошиејтед прес. „Примарните одговорности и активности на силите“ би биле „одбранбени по карактер“, се вели во извештајот. Американскиот претседател ги отфрли шпекулациите дека распоредувањето дополнително ќе ги зголеми тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран.

„Не верувам дека Иран сака да се бори. И, секако, не мислам дека Иран сака да се бори со нас“, изјави Трамп за новинарите.

В.д. министерот за одбрана, Патрик Шанахан, во четвртокот ја потврди можноста за распоредување, но ги негираше медиумските информации дека Пентагон планирал да испрати помеѓу 5.000 и 10.000 војници во регионот.

Од почетокот на мај Вашингтон крева тревога во врска со наводна неизбежна иранска закана за американските интереси и сојузници во регионот, но допрва треба да даде детали за тоа каква закана би можело да биде тоа.

Техеран ги негираше сите обвинувања. Иранскиот претседател Хасан Рухани во четвртокот вети дека никогаш нема да „се откажеме од нашите цели за независност на нашата земја“, дури и ако „непријателите... ја бомбардираат нашата земја“.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе