Трамп: Иран пропаѓа поради американските санкции (ВИДЕО)

Иран пропаѓа како нација откако Вашингтон минатата година му наметна остри санкции, изјави американскиот претседател Доналд Трамп и додаде дека тоа може брзо да се смени со разговори со властите во Техеран.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави во вторникот дека Техеран нема да наседне на Трамповите понуди за преговори, ниту ќе се откаже од ракетната програма.

Иран и САД влегоа во уште посилна конфронтација минатиот месец, една година откако Вашингтон се повлече од договорот меѓу Иран и светските сили за да се заузда нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции.

„Кога станав претседател Иран беше вистинска терористичка држава. Сѐ уште се ненадминати прваци во теророт“, им кажа Трамп на новинарите во Франција.

„Тие пропаѓаат како нација, а не сакам тоа да им се случи. Можеме да го смениме тоа многу брзо, но фасцинантно е колку санкциите беа моќни“.

Трамп го осуди нуклеарниот договор што го потпиша неговиот претходник Барак Обама бидејќи не бил траен и не ги вклучувал иранските балистички програми и улогата на Техеран во судирите на Блискиот Исток. Го повика Иран да седне на преговарачка маса и да постигне нов договор.

„Разбирам дека сакаат да разговараат и тоа е во ред, ајде да разговараме. Но, не може да имаат нуклеарно оружје“, истакна американскиот претседател.

Тој оцени дека меѓу Вашингтон и европските сојузници нема разлики во пристапот кон Иран, додавајќи дека Франција исто така не сака Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

Европските потписници на нуклеарниот договор од 2015 година, Франција, Британија и Германија ја делат загриженоста на САД околу иранските балистички програми и дејствувањето во регионот, но го бранат договорот кој ја ограничува иранската нуклеарна програма како база за идни преговори.

„Мислам дека ги делиме ставовите за Иран. Сакаме да бидеме сигурн дека не произведуваат нуклеарно оружје. Имаме договор до 2025, но сакаме да направиме чекор понатаму и да постигнеме безбедност на долги патеки“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе