Трамп: Интервенцијата на Блискиот Исток е најлошата одлука во историјата на САД

Интервенцијата на Блискиот Исток беше најлошата одлука во историјата на Соединетите Американски Држави, кажа денес американскиот претседател Доналд Трамп три дена откако најави повлекување на американските единици од регионот во близина на турската граница на северот на Сирија.

Трамп со ненадејната изјава го најави повлекувањето на американските трупи од границата со Турција на северот на Сирија, со што даде зелено светло за воената операција на Турција против курдските сили, сојузникот на Вашингтон во борбата против ИСИС.

По таа најава, тој даде неколку конфузни, дури и контрадикторни изјави, од закани до помирливи пораки до Анкара.

Потоа во понеделникот напиша на Твитер дека „ако Турција направи што било, за што ќе проценам дека ја преминува границата, целосно ќе ја уништам турската економија’“.

Американскиот претседател тврди дека е решен да ги прекине бескрајните војни, што беше едно од неговите ветувања од кампањата.

„Соединетите Држави полека и безбедно ќе ги вратат нашите војници дома“, додаде тој утринава, и додаде дека судирите на Блискиот Исток САД ги чинеле 8.000 милијарди долари и илјади животи.

„Тргнавме во војна поради погрешна претпоставка и сега тоа се потврди – немаше ниту едно парче оружје за масовно уништување“, напиша тој за американската интервенција во Ирак во 2003 година.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе