Трамп инсистира на чековите за помош на Американците да се напише неговото име

Америка на своите граѓани од 5 мај ќе почне да им исплаќа милијарди долари помош поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Во рамки на пакетот за помош на економијата тежок 2.000 милијарди долари е и исплата на еднократен надомест на сите граѓани кои заработуваат помалку од 75.000 долари годишно. Тие ќе добијат по 1.200 долари и уште 500 долари за секое дете до 17 години старост што го имаат.

Оние Американци кои на даночната управа ѝ ги пријавиле броевите на сметките главно веќе ги добиле парите, додека останатите ќе ги добијат по пошта. Но, како што пишува Вашингтон пост, исплатата на чековите би можела да доцни неколку  дена бидејќи претседателот Доналд Трамп во последен момент решил дека сака на нив да го има и неговото име.

„Трамп ја задржува исплатата на илјадници Американци кои едвај спојуваат крај со крај во оваа криза за да го нахрани своето его. Само овој претседател вака тешката ситуација во земјата би сакал да ја искористи за сопствена промоција“, изјави сенаторот на Орегон Рон Вајден, водечкиот демократ во националниот одбор за финансии.

На чековите нема да го има потписот на Трамп бидејќи американскиот претседател не е овластен да ги потпишува исплатите од националниот трезор, па неговото име ќе биде на левата страна на чекот, но јасно видливо. За првпат во историјата на САД име на некој претседател ќе биде втиснато на државни чекови.

Американскиот државен трезор демантираше дека чековите ќе доцнат поради тоа, но извори на Вашингтон пост тврдат дека во последен момент морал да се менува кодот за печатење на чековите и дека тие сигурно ќе доцнат.

Трамп првично се противеше на ислпата на готовина на граѓаните и инсистираше на намалување на даноците, пишува Вашингтон пост.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе