Трамп има нова шефица на комуникациите, поранешна манекенка

Во Белата куќа пристигна трета личност задолжена за комуницирање со јавноста на американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за 28-годишната Хоуп Хикс, поранешна манекенка и предадена следбеничка на Трамп, пишуваат американските медиуми.

Хоуп Хикс на позицијата директорка на комуникациите ќе го наследи Ентони Скарамучи кој во Белата куќа издржа едвај десетина дена.

Новата Трампова директорка на комуникациите е позната по изјавата дека „ако не успее во манекенството и глумата, секогаш може да се бави со политика“. Јавноста ја забавуваше и кога пред неколку месеци застана во одбрана на Трамп по написот на Вашингтон пост за тоа дека американскиот претседател ги омаловажува своите соработници. Тогаш таа напиша дека тој е човек со магнетен карактер и позитивна енергија кого го красат брилијантен ум и смисла за хумор.

Позната е и од рекламите на Ралф Лорен, а се појави и на насловната страница на списанието Ит грл.

Хикс беше портпаролка на Трамп на почетокот на претседателската кампања, а нејзината врска со семејството Трамп е од времето кога од Конектикат се доселила во Њујорк и почнала да работи за агенцијата што ја рекламирала марката на Иванка Трамп. Таа потоа се вработила во компанијата на Иванка.

Како Хикс ќе се снајде во Белата куќа, ќе се види наското. Засега знаеме дека, за разлика од својот нов шеф, не е страсна корисничка на Твитер.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе