Првите студии се поразителни

Трамп им нудеше милијарда, ефикасноста на вакцината е мала: како Кјурвак ја прокоцка шансата на векот

Долго време се сметаше дека тие први ќе развијат вакцина против коронавирусот, но потоа другите ги претекнаа.

Фото: ЕПА

Прашањето сега е дали вакцината на германски „Кjурвак“ воопшто ќе добие дозвола.

Првите студии се поразителни.

Многу прашина се крена минатата пролет кога се слушна дека Доналд Трамп наводно понудил милијарда евра за „Кјурвак“ (CureVac), компанија од германски Тибинген, за да направи вакцина против коронавирусот само за американскиот пазар.

Таа непристојна понуда беше одбиена, а „Кјурвак“ остана најголемата европска надеж, особено кога се здружи со гигантот на фармацевтската индустрија Баер, кој требаше масовно да ја произведува вакцината.

Надежта била залудна, како што се покажа. Не само што неколку производители направија вакцина пред оваа компанија, туку сега податоците велат дека вакцината на Кјурвак - која сè уште е во фаза на тестирање - има ефикасност од само 47 проценти, недоволно за да добие дозвола.

Како што беше соопштено, првиот пресек покажува дека делотворноста на вакцината зависи од возраста на луѓето, како и од сојот на коронавирусот.

Сепак, ова се само меѓурезултати, но вредноста на акциите на компанијата од Тибинген на Волстрит веднаш опадна за половина.

Големо разочарување

Вакцината на Кјурвак, базирана на технологијата иРНК (информациона рибонуклеинска киселина), како и таа на Бајонтек и на Модерна, е во завршната фаза на клиничките испитувања со 40.000 волонтери.

Во таа фаза, едниот дел од нив добива вакцина, а другиот плацебо, па потоа се следи од која од тие две групи колку луѓе ќе се заразат со коронавирусот во нивниот секојдневен живот и каков е текот на нивната болест.

Според соопштението на „Кјурвак“, досега се откриени 13 различни соја на коронавирусот меѓу нивните волонтери.

Само еден единствен случај отпаѓа на оригиналната варијанта што се прошири од Кина, што покажува дека мутациите целосно го преземале приматот.

Сега е сигурно дека вакцината на „Кјурвак“ нема да добие дозвола од Европската агенција за лекови во јуни, а прашање е и дали воопшто ќе ја добие.

„Одозгора на сѐ, конечната ефикасност би можела да биде и поинаква“, рече извршниот директор на фирмата, Франц-Вернер Хас, признавајќи дека очекувал подобри меѓурезултати.

Подобри резултати очекуваше и германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кој сега зборува за „големо разочарување“.

ЕУ сакаше 405 милиони дози

Не е ни чудо - до крајот на јуни Германија веќе сметаше на 1,4 милиони дози „Kјурвак“.

Европската Унија однапред си обезбеди вкупно 405 милиони дози од оваа вакцина, која, како што се чини, никогаш нема да почне со масовно производство.

Списанието Менаџер, кое обработува теми од деловниот свет, пишува дека „Кјурвак“ ја „прокоцка шансата на векот“.

Според списанието, милијардерот и инвеститор Дитмар Хоп им ја доверил работата на погрешни раководители.

Ситуацијата се одвиваше поинаку во Мајнц, каде што е седиштето на Бајонтек, кој во соработка со американски Фајзер ја разви првата вакцина против коронавирусот одобрена на западот.

Вредноста на Бајонтек скокна до небо, а водечкиот научник и основач на компанијата, Угур Шахин, стекна богатство што се проценува на 8,6 милијарди долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе