Трамп или Бајден? Историчарот што точно ги предвиде сите избори од 1984, го кажа и сегашниот победник

Претседателот Доналд Трамп и демократскиот противкандидат Џо Бајден денеска ја имаат последната шанса да им се обратат на гласачите во критичните држави, на последниот цел ден од кампањата што ги разоткри нивните драматично различни претседателски визии за справување со најалармантните проблеми на државата.

Фото: ЕПА

Сепак, професорот на Американскиот универзитет Алан Лихтман, чиј модел на предизборно предвидување точно ги предвиде сите претседателски избори во САД од 1984 година, вклучително и победата на Трамп во 2016 година, вели дека коцката веќе е фрлена.

Лихтман викендов за „Фокс њуз“ изјави дека според неговиот модел, базиран на тоа кој кандидат освојува повеќе „клучеви“, Трамп ја имал победата, но 2020 година со пандемијата на коронавирусот и граѓанските немири донела пресврт.

Во 2016 година, вели Лихтман, кандидатот Трамп имал само шест „клуча“ против него, но денес „Трамп, актуелниот претседател, има седум клуча против него“.

„Моето предвидување е дека Доналд Трамп ќе стане првиот актуелен претседател по Џорџ В. Буш во 1992 година што доживеал пораз во обидот за реизбор, а дека Џо Бајден ќе стане следниот претседател на Соединетите Држави“.

Американците не го избираат претседателот директно, туку во сојузните држави гласаат за електори, кои потоа ќе гласаат на т.н. електорски колеџ и ќе го изберат претседателот. Електори има колку и членови на Конгресот - 538. За победа е потребна поддршка од мнозинството електори, или најмалку 270.

Повеќе од 93 милиони Американци веќе гласаа и секој од двата тима инсистира дека е на патот до победата, иако шансите на Бајден да ги собере потребните 270 гласа од електорскиот колеџ се понадежни. Надежите на Трамп се во напливот на ентузијазам од неговите најверни поддржувачи.

Изборите се капак на една невообичаена година, која почна со импичмент на Трамп, потоа за малку ќе пропаднеше кандидатурата на Бајден на преполнетите демократски прелиминарни избори, а потоа беше целосно преобликувана со епидемијата на коронавирусот.

Веќе се дадени рекорден број гласови, преку предвремено гласање или преку гласање по пошта, што може да доведе до одложување на броењето. Трамп веќе неколку месеци без докази тврди дека гласањето по пошта е подложно на измама и одбива да гарантира дека ќе го почитува изборниот резултат.

Републиканската коментаторка Алис Стјуарт рече дека пандемијата, економијата и расните односи во Америка се испреплетени на невидени начини, но дека резултатот на Денот на изборите нема да донесе директно решение, што и да се случи.

„Ако во 2020 година се најважните избори во нашиот живот, бог нека ни помогне за 2024“, рече Стјуарт. „Му се јавувам на Ное и ќе почнеме да ја градиме арката“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе