Трамп зел 3,8 милијарди долари од војската за да го гради ѕидот на границата со Мексико

Пентагон вчера скрати милијарди долари за финансирање на 17 авиони на воената морнарица и военото воздухопловство и други воени програми за да се ослободат пари за изградбата на граничниот ѕид меѓу САД и Мексико, кој претседателот Доналд Трамп долго време го бара. Со тоа ги разгневи не само демократите, туку и дел од своите републиканци.

Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер одобри 3,8 милијарди долари по барање на Министерството за внатрешна безбедност за тој ѕид, а Пентагон призна дека би можело да дојде до дополнителни намалувања на воените трошоци за да се обезбеди финансирањето на ветувањето уште од предизборната кампања на Трамп.

Одлуката донесена вчера само ги засили поделбите меѓу Трамп и пратениците во Конгресот кои се спротивставија на користењето на воените финансии за изградба на ѕидот. Трамп во повеќе наврати тврдеше дека Мексико ќе плати за неговиот ветен „голем преубав ѕид“, но тоа не се случи.

„Денешното барање за репрограмирање уште еднаш потврдува дека претседателот е опседнат со исполнувањето на предизборните ветувања на штета на националната безбедност“, изјави пратеникот на демократите Адам Смит од Вашингтон, претседател на надлежниот одбор на Конгресот. „Оваа влада веќе украде три милијарди од министерството за одбрана за да ја почне изградбата на ѕидот на претседателот и денес ја продолжува лошата политика“.

И покрај противењето на пратениците, Трамп немаше никакви последици при сличните трансфери минатата година, кога Пентагон откажа десетици воени градежни проекти за да ослободи 3,6 милијарди долари и префрли 2,5 милијарди долари пари за борба против дрогата.

Сѐ на сѐ, Трамп обезбеди нешто повеќе од три милијарди долари за изградба на граничните бариери преку редовните конгресни канали, подложни на ограничувања кои ги поставуваат пратениците. А користеше разни органи за трансфер и итни случаи да префрли уште речиси седум милијарди врз основа на прогласување итни случаи, потоа од фондот за запленување пари кои ги одземаат властите и од финансирање на воените активности за борба против дрогата.

Минатата година Пентагон го намали финансирањето за училишта, стрелишта и објекти за одржување во 23 држави, 19 странски земји и три американски територии. Тоа влијаеше врз бројни проекти и предизвика огорченост на Капитол.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер во заедничка изјава оценија дека „последниот обид за кражба на военото финансирање кое го одобри Конгресот ја поткопува националната безбедност и поделбата на власта предвидена со уставот“.

Конкретно, најновото кастрење на буџетот на Пентагон ги одзело парите за два авиони Ф-35, осум беспилотни летала „рипер“, четири транспортни авиони Ц-130, два хеликоптери В-22 оспреј, како и амфибиски возила, опрема за Националната гарда и воени камиони.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе