Трамп ѝ се заканува на Турција, НАТО ѝ помага (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно најави санкции против Анкара ако турските сили отворат оган врз курдските борци кои се повлекуваат од северот на Сирија, каде што треба да биде воспоставена 30-километарска безбедносна зона.

„Турција целосно разбира дека не смее да пука во Курдите додека се повлекуваат од областа која ќе стане безбедносна зона во блиските региони. Не морам да повторувам дека за кршење на договорот ќе бидат воведени санкции со големи размери“, порача Трамп на Твитер.

Тој наведе дека сѐ минува во најдобар ред, дека Курдите ги обезбедиле милитантите на Исламска држава и дека Турција е спремна да пружи поддршка.

Тој додаде дека американските војници од Сирија заминуваат во други региони, а потоа се враќаат дома.

„Требаше да бидеме таму 30 дена, а тоа беше пред 10 години. Кога овие учени будали кои 20 години погрешно го нарекуваа Блискиот Исток, прашуваа што добиваме од договорот, јас едноставно велам – нафта и тоа што нашите војници се враќаат дома, а Исламска држава е обезбедена“, напиша Трамп.

НАТО, предводен од САД, реши и понатаму да ѝ пружа воена поддршка на својата сојузничка Турција, и покрај незадоволството од нејзината офанзива во Сирија и договорот со Русија, соопштија за Ројтерс високи дипломати.

Шпанија претходно се закани дека ќе ги повлече своите ракети „патриот“ од Турција во знак на протест поради прекуграничната офанзива на Турција, за која НАТО сојузниците велат дека ја загрозува борбата против екстремистите на ИСИС.

На состаноко на министрите за одбрана на НАТО одржан вчера, првиот состанок на воениот пакт на високо ниво откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја почна својата воена операција во Сирија на 9 октомври, шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес кажа дека Мадрид нема да се повлече.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар кажа дека неговата земја има право да потпишува договори и со Русија и со САД, а само мала група земји, предводена од Франција, жестоко ја критикуваше.

„Се вложуваат заеднички напори за нештата да не се влошат“, изјави НАТО дипломат за Ројтерс.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе