Трамп ѝ се заканува и на Венецуела, Каракас одговори дека тоа е „акт на лудило и екстремизам“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја отфрла можноста за „воена опција“ за Венецуела, како одговор на ескалацијата на политичката криза во таа земја.

„Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи и потенцијална воена опција, ако има потреба“, им кажа Трамп на новинарите во Њу Џерси, а пренесува Франс прес.

„Имаме трупи во целиот свет и на места кои се многу одалечени. Венецуела не е толку далеку, а луѓето таму патат и умираат“, додаде Трамп.

Тој се осврна и на прашањето на Северна Кореја, кажувајќи дека ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за „многу опасната“ ситуација во врска со Пјонгјанг.

„Се надевам дека сѐ ќе решиме“, им кажа Трамп на новинарите во својот голф камп во Њу Џерси. „Никој повеќе од претседателот Трамп не сака мирно решение“, додаде тој, а пренесува Ројтерс.

Администрацијата на Трамп претходно лидерот на Венецуела Николас Мадуро го нарече диктатор и воведе санкции против него и голем број други функционери, по одржувањето на контроверзните избори за уставотворното собрание и повеќемесечните протести на опозицијата за време на кои во судири со полицијата загинаа десетици лица.

„На власт во САД е екстремистичка елита“

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп со воена сила е „акт на лудило и краен екстремизам“, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино, додека Белата куќа соопшти дека Трамп ќе разговара со претседателот на земјата „дури откако повторно ќе воспостави демократија“.

„Тоа е акт на лудотст, акт на краен екстремизам. Елитистичка елита владее со САД и, искрено, не знам што се случува и што ќе се случува во светот“, кажа Падрино, неколку часа по изјавата на Трамп.

Падрино, кој е и началник на Генералштабот на оружените сили на Венецуела, изрази уверување „како војник, заедно со венецуелската војска и народот, дека сите ќе бидат во првите редови бранејќи ги суверентитетот и интересите на својата сакана Венецуела“.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе