Трамп ѝ се закани на Куба со „целосно ембарго и санкции на највисоко ниво“ поради Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Куба со „целосно и комплетно ембарго, заедно со санкции од највисоко ниво“, ако Хавана не ја повлече својата наводна поддршка за владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

Трамп вчера ги напиша своите барања на Твитер, откако водачот на опозицијата, Хуан Гуаидо, повика војската и полицијата да преземат акција против Мадуро.

Ставот на администрацијата на Трамп е дека Венецуела е под „кубанска окупација“ и се обидува да ја казни Хавана за нејзината наводна улога.

Куба веќе е предмет на американско ембарго, кое првично беше наметнато во 1958 година и беше проширено во 1962 година, па ги вклучи речиси сите извозни стоки. Иако претходникот на Трамп, Барак Обама, се обиде да ги олесни трговските ограничувања на Куба, тоа престана кога Трамп ја презеде власта.

Трамп дополнително се обиде да ја притисне Куба со проглас дека на американски компании ќе им биде дозволено да ја тужат кубанската влада за имот конфискуван за време на револуцијата на Кастро.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе