Трамп ѝ се обрати на нацијата, сепак не прогласи вонредна состојба поради ѕидот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го повика Конгресот да одобри 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, но не прогласи вонредна состојба што би му овозможило еднострано да го одобри финансирањето, пренесоа агенциите.

За да обезбеди поддршка од демократите и на јавноста за своето предизборно ветување поради кое сојузната влада делумно е блокирана веќе 18 дена, Трамп при обраќањето до нацијата од Овалната канцеларија на Белата куќа нагласи дека безбедносната и хуманитарната криза се зголемува на американската јужна граница.

Но иако со денови навестуваше дека би можел да ги искористи своите претседателски овластувања и да прогласи вонредна состојба на границата за да ги пренасочи средствата за изградба на ѕидот без дозвола од Конгресот, се чини дека американскиот претседател сепак е подготвен да продолжи со преговорите со челниците на Конгресот.

Трамп го искористи говорот за да ја опише состојбата на јужната граница како „хуманитарна криза на срцето и душата. Кажа дека на границата се запираат и уапсуваат криминалци кои извршиле илјадници насилни злосторства и дека „илјадници животи ќе бидат изгубени ако веднаш не се дејствува“.

„Уште колку американска крв треба да се пролее за Конгресот да ја заврши својата работа?“, изјави Трамп, наведувајќи ги убиствата кои, како што рече, ги извршиле нелегални мигранти, пренесе Ројтерс.

Додаде дека трагичната реалност на нелегалната имиграција на јужната граница претставува неконтролиран тек на трговија со луѓе и дрога. „Тоа е круг на човечко страдање кое мојата администрација е одлучна да ја прекине“, изјави Трамп.

Челниците на демократите рекоа дека Трамп измислува криза на границата за да ги оствари своите „фиксации“. Лидерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, рече дека Трамп ја држи владата како заложник поради својата „фиксација“ Американците да финансираат „скап и бескорисен“ пограничен ѕид. Лидерот на сенатските демократи, Чак Шумер го обвини Трамп дека „измислува криза“ и го повика да потпише документ за привремено финансирање на сојузната влада, за да може да се продолжат преговорите.

Трамп во четврт ќе ја посети границата со Мексико и засега не е јасно дали може таму ќе прогласи вонредна состојба.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе