Партијата Македонски Концепт смета дека водството на кандидатката за претседателка, Гордана Сиљановска Давкова е резултат на „нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизираше ДУИ и нивните СДС измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај“, велат од Македонски концепт.
„Повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на коалицијата ‘Твоја Македонија’ со останатите добронамерни политички партии и нивните членови и симпатизери, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа“, велат од партијата.
Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучат во активности на партијата и на 8 мај да дадат поддршка на коалицијата „Твоја Македонија“.