По уривањето на боингот

Трамп ѝ се нафрли на авионската технологија: „Не би сакал Ајнштајн да ми биде пилот“

Американскиот претседател Дондл Трамп разговараше со генералниот директор на компанијата Боинг Денис Мајленбург и потоа на Твитер објави дека авионите станале пресложени за летање.

Не се знае за што точно разговарале Трамп и директорот на Боинг, но по средбата американскиот претседател во твит напиша дека се потребни „секундарни одлуки“ бидејќи „сложеноста создава опасност“, пренесува Асошиејтед прес.

„Не знам за вас, но не сакам Алберт Ајнштајн да ми биде пилот. Сакам извонредни летачки професионалци на кои им е дозволено лесно и брзо да ја преземат контролата врз авионот“, напиша Трамп.

Пред два дена се урна боинг 737-8 макс на компанијата Етиопијан ерлајнс и притоа загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, што е втора трагедија на тој авион на Боинг во последните неколку месеци. Поради тоа голем број држави во светот го „приземјија“ тој тип на авион и забранија прелетувања со него.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе