Трамп ѝ порача на Калифорнија: Тесла мора веднаш да почне со работа

Американскиот претседател Доналд Трамп се вмеша во конфликтот на директорот на компанијата Тесла Илон Маск со калифорниските власти.

US President Donald J. Trump, with the Tesla and Spacex CEO Elon Musk, EPA

„Калифорнија мора да му овозможи на Илон Маск моментално оѕтворање на фабриката за производство на автомобили Тесла. Тоа може да се направи брзо и безбедно“, напиша Трамп на Твитер, на што Маск одговори „Благодарам“.

Вчера Маск ја отвори својата фабрика за електрични автомобили Тесла во Калифорнија, и покрај забраната за работа која е на сила во таа сојузна американска држава. Тој претходно се закани дека фабриката и седиштето на компанијата ќе ги премести надвор од Калифорнија, доколку властите не дозволат отворање во контекст на рестрикциите поради пандемијата.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом вчера на прес-конференција изјави дека не е упатен во деталите на конфликтот на Маск со локалните власти, но дека е заинтересиран за понатамошна соработка на таа држава со Тесла.

Фабриката престана со производство на автомобили на 26 март.

Легенда под Главна слика

US President Donald J. Trump, with the Tesla and Spacex CEO Elon Musk, EPA

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе