Во земјата има 3 милиони заразени и 130.000 мртви

Трамп и официјално ги повлече САД од СЗО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го извести Конгресот и Обединетите нации дека Соединетите Држави и официјално се повлекуваат од Светската здравствена организација, јави Си-ен-ен.

EPA-EFE/Chris Kleponis

Сенаторот Роберт Менендез, главен демократ во Комисијата за надворешни работи, ја објави денес веста.

„Конгресот прими информација дека Доналд Трамп официјално ги повлече Соединетите Држави од СЗО среде пандемијата. Благо е да се рече дека одговорот на Трамп на коронавирусот е хаотичен и некохерентен. Ова нема да ги заштити американските животи или интереси - ги остава Американците болни и Америка сама“, напиша тој на Твитер.

Претставник на Стејт департментот исто така потврди дека „известувањето на Соединетите Држави за повлекување ќе стапи на сила на 6 јули 2021 година“ и е доставено до генералниот секретар на ОН.

Трамп уште од почетокот на пандемијата тврди дека Кинезите „ги игнорирале своите обврски за поднесување извештаи“ за вирусот на СЗО и го критикуваа СЗО дека несоодветно го информирал светот кога кинеските власти за прв пат го откриле вирусот.

„Кина има целосен надзор над Светската здравствена организација иако плаќа само 40 милиони долари годишно, додека Соединетите Држави плаќаат околу 450 милиони долари годишно. Ние ги наведовме реформите што треба да ги спроведат и директно им се обративме, но тие одбија да делуваат“, тврди Трамп.

Трамп уште во април најави дека ќе го прекине финансирањето на СЗО, а во мај дека ќе ги повлече Соединетите Држави од членството.

Во исто време, нови погубни бројки за раширеноста и смртноста на коронавирусот пристигнуваат од понеделник од Соединетите Држави. Земјата ја надмина границата од три милиони заразени и бројката од 130 илјади смртни случаи, покажуваат податоците од универзитетот Џон Хопкинс.

Во САД вчера повторно биле регистрирани 55.000 нови инфекции.

Покрај тоа, со 357 нови смртни случаи, бројот на починати во понеделникот надмина 130.000.

Соединетите Држави според бројките се апсолутно далеку најпогодена земја од коронавирусот, а неколку сојузни држави, особено Флорида и Тексас, во јули срушиле рекорди според бројот на нови случаи. Како резултат на тоа, во некои делови на Соединетите Држави процесот на отворање е суспендиран и мерките за контрола на вирусот повторно се воведени.

Новото затворање на американската економија веќе не е на дневен ред, по катастрофалните бројки за растот на невработеноста во март и април.

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи во понеделникот изјави дека сè уште се работи за првиот бран на инфекција и дека ситуацијата во земјата „воопшто не е добра“. Бидејќи меѓу заразените сè повеќе се млади луѓе, тој ги повика да не го сфаќаат вирусот лесно.

„Тие не смеат да мислат дека не се ранливи бидејќи се млади. И тие можат тешко да се разболат“, рече тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Chris Kleponis

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе