Речиси истовремено

Трамп и Обама со пораки го „вжештија“ Твитер (ВИДЕО)

Граѓаните на САД на претседателските избори бираат меѓу актуелниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џозеф Бајден, а на Твитер веќе се разгоре битката на двете страни.

EPA-EFE

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор, им порача на Твитер на своите поддржувачи, обраќајќи им се директно во свој стил: „Излезете и гласајте! Под мојата администрација, нашата економија расте со најбрза стапка кога било од 33,1 отсто. Следната година ќе биде најголемата економска година во американската историја“.

Во исто време, со разлика од буквално неколку минути, поранешниот американски претседател Барак Обама во чија администрација Џо Бајден беше потпретседател, со видео порака им се обрати на граѓаните на Америка и им кажа дека „влогот е сѐ“.

„Но еве добри вести: денес можете да гласате за промена. Можете да ги изберете Џо Бајден и Камала Харис“, напиша Обама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе