Трамп ѝ нареди на војската да ги нападне и уништи иранските бродови доколку вознемируваат

Доналд Трамп ѝ издаде наредба на американската војска да го нападне и уништи секој ирански брод што ќе ги вознемирува американските бродови.

Американскиот претседател наредбата ја објави на својот профил на Твитер.

Наредбата е поврзана и се однесува на инцидентот што се случи пред неколку дена кога ирански воени бродови опасно им се доближиле на американски бродови во Персискиот залив.

Група од 11 бродови на морнарицата на иранската Исламска револуционерна гарда опасно се приближиле до бродовите на американската воена морнарица и крајбрежнаta стража во Персискиот Залив, соопшти американската војска.

Според соопштението на американската војска, иранските бродови им се приближиле на шест американски воени бродови, кои во тој момент во меѓународните води се поврзувале со воени хеликоптери.     

Во еден момент, тие биле оддалечени само десетина метри од еден брод на американската крајбрежна стража.

Американската страна издала неколку предупредувања преку радио, сирени и уреди за создавање бучава, а иранските бродови по еден час отпловиле.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе