Трамп: И Меланија добро го познава Ким; Белата куќа: Никогаш се немаат сретнато

Белата куќа објави соопштение спротивно на изјавата на претседателот Трамп дека првата дама Меланија Трамп „добро го запознала“ Ким Џонг Ун. Всушност, тие двајца воопшто се немаат сретнато, вели Си-ен-ен.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека исклучително добро го запознал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рече дека и неговата сопруга добро го знае.

„Првата дама го запозна Ким Џонг Ун и мислам дека се согласува со мене дека тој е човек со држава што има огромен потенцијал“, рече Трамп на конференцијата на крајот на самитот на Г7 во Бијариц, додека неговата сопруга Меланија посматраше од публиката.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, малку подоцна објасни дека Меланија никогаш не го запознала Ким, но дека Трамп ѝ се доверува на својата сопруга за голем број работи, вклучително и за севернокорејскиот лидер.

„Иако првата дама не го запозна Ким, претседателот се чувствува како да го запознала“, рече Гришам во изјавата, додавајќи и дека Меланија не се состанала тајно со лидерот на Северна Кореја.

Меланија не го придружуваше својот сопруг на ниту една од неговите три средби со Ким - ниту во јуни минатата година во Сингапур, ниту во Ханој во февруари, ниту на третата средба во јуни во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Во соопштението на Белата куќа се наведува и дека Меланија немала тајна средба со Ким.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе